Коронавирус или алергија: Еве како да направите разлика!

Разликата е во ова!

Симптомите се слични, но има и доста разлики што можат да ви помогнат да сфатите што ве мачи

Иако почетокот на пролетта обично носи добри вести, потопли температури, подолги денови, сезоната на настинки и грипови стивнува, но настапува сезоната на алергии. За жал, годинешната сезона на алергии се поклопува со коронавирусот.

Иако јавноста е веќе запознаена со симптомите на КОВИД-19, сепак, тешко е да се разликуваат од симптомите на алергија.

Но постојат разлики помеѓу симптомите на алергија и оние на КОВИД-19, а еве кои се тие:

Американскиот универзитет за алергија, астма и имунологија нагласува дека алергиите најчесто се јавуваат кога имунолошкиот систем реагира на нешто што кај другите е типично безопасно. За лицата што страдаат од алергии, тоа значи дека нивните тела реагираат на полен, цутење на дрвјата и разеленувањето на тревата. Симптомите на алергија најчесто вклучуваат:

  • Кашлица, затнат нос и/или кивање
  • Недостиг на здив
  • Сува кашлица
  • Замор
  • Главоболка
  • Чешање, насолзени и отечени очи, осип на градите, грлото и ушите

Што се однесува до КОВИД-19, Центарот за контрола и превенција на болести вели дека овој вирус е придружен со три главни симптоми:

  • Треска
  • Отежнато дишење
  • Сува кашлица

Некои помалку вообичаени симптоми на коронавирус вклучуваат болки во телото, растечен нос, болка во грлото или дијареја.

Кои се главните разлики меѓу коронавирусот и алергиите?

Коронавирусот може да предизвика покачена температура, алергијата не може.

Алергијата се јавува со одреден вид чешање на очите, носот, гребење на грлото, додека короната не е проследена со тие симптоми.

Иако кивањето може да биде симптом и на корона и на алергија, сепак, зачестеното кивање и затнатиот нос се симптоми на алергија.

Коронавирусот е заразен, алергиите не се.

ФОТО: Pixabay

Предупредување од Франција! Некои лекови можат да ја влошат состојбат на болни од КОВИД-19!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.