Коронавирус: Што да правите ако сте пушач, имате астма, дијабетес или висок притисок!

Најважните совети

Преземете се’ што можете

Никој не е отпорен на коронавирусот, но лицата што имаат потешки здравствени состојби, може да спаѓаат во ризична група и да развијат посериозни симптоми.

Најверојатно чувствувате страв ако припаѓате во оваа група, па ви предлагаме неколку совети што да преземете…

Кој е во ризична група?

Поради одредени здравствени состојби, можете многу полесно да се заразите со коронавирус, кој предизвикува респираторни болести. Постарите лица со слаб имунитет, хронични болести како астма, дијабетес и срцеви заболувања се ризична група.

Што ако имате астма?

Секогаш носете пумпа со лек и користете ја како што ви ја препишал лекарот, бидејќи така ќе ги намалите шансите за напад на астма, како последица од респираторен вирус. Ако астмата ви се влошува, користете пумпа, а ако симптомите се се’ полоши, задолжително јавете се на доктор.

Дали сите лица постари од 65 години треба да бидат во самоизолација?

Препорака на надлежните е сите постари од 65 години и сите што спаѓаат во ризичната група да бидат во самоизолација. Ако во семејството имате повозрасно лице, задолжително проверувајте го секој ден по телефон или на друг безбеден начин. Одбегнувајте посети на постарите, особено не ги водете децата кај нив.

Што ако имате некоја од хроничните болести?

Лицата што страдаат од одредени потешки проблеми, како висок крвен притисок или слаб имунитет, имаат поголеми шанси да развијат сериозни симптоми како последица од зараза со коронавирус.

Ако сте во групата што се осетливи на настинки и грип, важно е да преземете одредени мерки за да го намалите ризикот од зараза. Ако ви се јавуваат симптоми како кашлица или температура, останете дома, а ако симптомите не поминуваат неколку дена, веднаш јавете се на доктор.

Што ако имате дијабетес?

Лицата што имаат дијабетес тип 1 или тип 2 би можеле да развијат сериозни симптоми ако дојдат во контакт со коронавирусот.

„Коронавирусот може да предизвика компликации кај луѓето со дијабетес, па ако имате симптоми како кашлица, висока температура или отежнато дишење, мора постојано да го следите нивото на шеќерот во крвта“, открил доктор Дан Ховарт, началник на одделението за дијабетес во Англија.

Би требало да останете дома неколку дена и редовно да земате лекови. Не одете во аптека или болница. Секако, ако симптомите се влошуваат, веднаш контактирајте доктор.

Дали трудниците се ризична група?

Не постојат докази дека бремените жени спаѓаат во ризична група. Сепак, би требало да ги преземат сите заштитни мерки за да одбегнат контакт со вирусот.

Што е со пушачите?

Шефицата на одделението за јавно здравје во Англија, Дебора Арнот, го советува тие што пушат многу цигари во денот или да престанат или да ја намалат количината за да ги намалат шансите за развој на сериозни симптоми.

„Пушачите можат да развијат тешки симптоми и подложни се на развој на тешки респираторни заболувања“, открил доктор Арнот и советувал дека откажувањето од цигарите е одлично за заштита на здравјето, а моменталната ситуација би требала да биде дополнителен мотив за секого.

Треба ли да продолжите со вообичаената терапија?

Дури и ако не се чувствувате добро, лековите што вообичаено ги користите, мора да ги користите и понатаму. Ако немате повеќе лекови, замолете го семејството или пријателите да ви ги достават, а вие останете дома.

Прочитајте и како да направите разлика меѓу коронавирус и алергија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.