По пример на светски познатите музеи, неколку од македонските споделија 3Д виртуелна прошетка низ своите простори!
Во време кога сите сме „заглавени” во нашите домови додека времето надвор е сончево и нѐ повикува, споделуваме уште една идеја за тоа што да правите додека сте дома во самоизолација.
Осум македонски музеи споделија 3Д виртуелни снимки од своите простори, подготвени од тимот на ВР-Порт.
Дел од музеите се: Музеј на Северна Македонија, Младински културен центар, Музеј на современа уметност, Археолошки музеј на Северна Македонија и други.
Прошетајте низ македонските музеи од удобноста на вашиот дом!