МЕДЕНИ БАТАЦИ со сенф, задолжително пригответе ги овој викенд!

Рецепт на денот

Пилешкото е навистина моќна храна. И јадењето од ден на ден секогаш може да има различен вкус. Приготвено на овој начин е превкусно!

Состојки:

6 батаци
сол и бибер по вкус
2 лажици сенф дижон
2 лажици мед
1 лажица семе од синап
3 чешниња
рузмарин по вкус
1 лажица маслиново масло
маслинки по желба

Приготвување:

Посолете ги батаците, зачинете ги со црн пипер и премачкајте ги со сенф, додајте го и синаповото семе и пржете на маслиново масло на средна температура. Измешајте сенф, мед и ситно сечкан лук. Со смесата премачкајте го месото и посипете го со рузмарин. Префрлете го во плех и печете на 180 степени, 45 минути. Послужете со зелени маслинки.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.