ОЧАЈНАТА ДОМАЌИНКА ГО ПРЕКРШИ ПРАВИЛОТО: Облече макси-фустан, со НАЈРИЗИЧНО ДЕКОЛТЕ, сè е отворено, но не и ВУЛГАРНО (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Ева Лонгорија со години ѝ е добра пријателка на Викторија Бекам, па не е чудно што таа беше меѓу важните гости на свадбата на најстариот син на дизајнерката, Бруклин Бекам.

Сепак, актерката е една од ретките гости кои го споделија својот стајлинг на социјалните мрежи, и тоа пред свадбата.

Дали на тој начин го прекршила правилото да нема свадбени видеа, допрва ќе видиме, но Ева изгледала толку добро што не е ни чудо што сакала да го сподели својот стајлинг со светот.

Поточно, таа на својот Инстаграм објави стори во кое ги снимила сите подготовки за венчавката.

Eva

Во црниот фустан со ризично деколте, Ева уште еднаш покажа како малку може да значи многу.

Eva na venčanju

Неколку дена пред свадбата, Ева откри дека Викторија ќе ѝ го избере фустанот за венчавката и објасни како изгледал целиот процес.

„Нормално, влегувам во нејзиниот плакар и велам: ‘Ми треба фустан’.

„Таа вели: ‘Дали сакаш црн или зелен?’, а јас велам: ‘Црн’. Таа ми вели: ‘Одлично. Ќе носиш зелен’.“

Викторија овој пат очигледно ѝ дозволи на Ева да блесне во црно.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.