Кулинарски трик за меко и сочно пилешко филе: Белото месо никогаш повеќе нема да ви биде суво!

Корисни совети

Пилешкото филе приготвено на овој начин секогаш ќе биде совршено испечено

Пилешкото бело месо е една од најздравите намирници од животинско потекло, па затоа редовно се наоѓа на менито во многу домови.

Само 100 грама пилешко бело месо содржат 31 грам протеини, без премногу масти.

Но пилешкото филе знае да биде исклучително суво и лесно е да го исушите при пржењето, бидејќи нема многу масти.

Токму затоа корисни се триковите со помош на кои можете да ја одбегнете оваа ситуација и да добиете сочно бело месо.

  • Кога ќе го извадите пилешкото филе од замрзнувач, најпрво мора целосно да го стопите на собна температура.
  • Потоа, се препорачува со зачини и маслиново масло да ги покриете сите површини на месото. Најдобро е да користите сол, бибер и лук во прав, но можете да одберете и други зачини по вкус.
  • Ставете го тавчето на рингла, додајте малку маслиново масло и загрејте го на висока температура.
  • Кога маслото добро ќе се загрее, ставете го месото во тавчето и оставете го да се пржи една минута.
  • Потоа, намалете ја температурата, превртете го месото и поклопете го тавчето.
  • Оставете го месото десет минути да се крчка на тивок оган, па потоа исклучете ја ринглата.
  • Оставете го месото да отстои така уште десет минути и никако не го подигнувајте го капакот од тавчето за тоа време.
  • Потоа, послужете го белото месо на чинија и исечете го на мали парчиња.
6 највкусни сосови за пилешко: Вака обичното месо ќе стане гурманско совршенство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.