6 највкусни сосови за пилешко: Вака обичното месо ќе стане гурманско совршенство!

Совршен спој на вкусови

Одберете го оној што е по ваш вкус и уживајте во најсочното пилешко месо

Соодветниот сос може и обичното печено пиле да го претвори во неверојатно гастрономско уживање.

Ви ги претставуваме највкусните рецепти за сосови со кои вашето пилешко ќе биде апсолутно совршено…

1. Сос со бело вино

Состојки:

  • 1/3 шолја ситно сечкан кромид
  • половина шолја пилешки бујон
  • 1/4 шолја суво бело вино
  • 2 лажици бел вински оцет
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици ситно сечкан власец

Приготвување:

Загрејте го тавчето на средна температура и додајте малку растително масло за готвење. Во него ставете го ситно сечканиот кромид да се пржи околу 2 минути, често мешајќи. Во така приготвениот сос, сипете пилешки бујон, бело вино и оцет и оставете го да врие. Загревајте го сосот додека згусне, а вишокот течност испари (околу 5 минути). Додајте путер и власец и промешајте за да се растопи убаво путерот, па прелејте го пилешкото.

2. Сос со лук, јаворов сируп и рузмарин

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 1/4 суво бело вино
  • 1/4 шолја пилешки бујон
  • 2 лажици јаворов сируп
  • 2 лажици сенф
  • 3/4 лажички сечкан свеж рузмарин
  • половина лажичка свежо мелен бибер

Приготвување:

Во тавче загрејте маслиново масло на средно висока температура. Во тавчето додајте сечкан лук. Динстајте до 30 секунди, непрестајно мешајќи. Ставете вино, пилешки бујон, јаворов сируп и сенф, па почекајте да зоврие. Загревајте додека течноста испари (околу 5 минути), повремено мешајќи. Тргнете го сосот од рингла и во него додајте рузмарин и бибер.

3. Сос од мајонез и лимонов сок

Состојки:

  • 1/4 шолја мајонез
  • 2 лажици бел оцет
  • 1 лажичка свеж лимонов сок
  • половина лажичка свежо мелен црн бибер
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 сомелено чешне лук

Приготвување:

Изгмечете лук за да го пушти својот сок. Во еден сад додајте ги сите состојки и добро промешајте. Сосот е готов!

4. Лут сос

Состојки:

  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 2/3 шолји пилешки бујон
  • 3 лажици мармалад од портокал
  • 1,5 лажица соја-сос
  • 1,5 лажица свеж лимонов сок
  • 3/4 лажички лут чили-сос

Приготвување:

Во тавче на средно висока температура загрејте малку растително масло. Додајте рендан ѓумбир, пржете 1 минути со непрестајно мешање. Додајте ги и другите состојки: пилешки бујон, мармалад од портокал и соја-сос и почекајте да зоврие. Загревајте додека смесата стане богата и густа. Измешајте го сосот со свеж лимонов сок и лут сос.

5. Турски сос

Состојки:

  • половина шолја стопен путер
  • половина шолја брашно
  • 4 шолји пилешки бујон
  • 2 врзопа свежа мајчина душица
  • сокови од печено пиле
  • сол  и мелен црн бибер, по вкус

Приготвување:

Направете запршка од стопениот путер и брашно и оставете ја на страна. Во тенџере сипете пилешки бујон, врзоп мајчина душица и сок од приготвеното пиле и оставете го да зоврие. Намалете ја температурата и оставете ја смесата полека да се крчка. Сосот гответе го на тивок оган околу 10 минути додека ја достигне посакуваната густина. Зачинете го сосот со сол и бибер по вкус, исцедете и извадете ја мајчината душица.

6. Холандезе-сос

Состојки:

  • 3 жолчки
  • 100 г стопен путер
  • 2 лажици лимонов сок
  • 1/4 лажички сол
  • прстофат бел бибер
  • 2 лажици пилешки бујон
  • половина главица кромид
  • црн бибер во зрна

Приготвување:

Исечкајте го кромидот и пржете го со црниот бибер во зрна. Измешајте жолчки, лимонов сок, испржениот кромид, бујон, сол и бибер, па изматете ги сите состојки со голема брзина околу 30 секунди. Потоа, додека се’ уште матите, полека додајте го стопениот путер. Мешајте додека добиете хомогена смеса.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.