Крем-капучино со шкампи и со ракчиња

Гастрономско уживање

За целосно гастро-доживување, покрај примамливите вкусови и мириси, потребно е да ужива и нашето сетило за вид

Ви претставуваме врвен специјалитет чиј неодолив изглед го поттикнува апетитот.

 

Потребно е: (за четири лица) 150 г исчистени ракчиња, 100 г исчистени шкампи, 1 дл оустер-сос, 3 дл неутрална павлака, двапати по ½ дл млеко, 0,03 сос од остриги, 0,5 дл булјон од риба, морска сол, зелен бибер, лајм, маслиново масло, чешне лук…

Приготвување: на маслиново масло се динстаат шкампите и ракчињата, им се додаваат булјон од риба, рендан лимон и лајм.

Кога ќе се свари, се додаваат сосот од остриги, половина дл млеко и неутралната павлака.

Се сервира во шолја.

Посебно се мати со миксер топло млеко (1/2 дл), малку сол и чешне лук додека не се добие пена слична на онаа во капучино. Потоа се прелива врз масата што се наоѓа во шолјата.

Текст: Бранкица Трескавица

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.