Компир-вулкан: Феноменален специјалитет што сигурно не сте го пробале досега

Полнет компир со шунка и кашкавал што се топи во уста

Нема да го заборавите компирот полнет на овој начин

Најдобрите јадења од компир настануваат така што го издлабувате компирот, па го полните со нешто вкусно. Во овој случај, станува збор за непогрешливата комбинација од кашкавал и тенки резанки шунка или сланина.

Потребни состојки:
  • полусварен компир (во лушпа)
  • кашкавал по желба
  • шунка

Начин на подготовка:

Издлабете го компирот во средина, ставете парче кашкавал и замотајте го со шунка. Компирот треба да го печете на температура од 200 степени Целзиусови околу половина час. Ако сакате, можете да го премачкате компирот со сос за скара и да го вратите во рерна да се потпече уште десетина минути. За целосен „лава-ефект“, изматете кисела павлака со лут сос, прелијте ја врз печениот компир и украсете ја со сечкан млад кромид.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време