Гулаш со колбаси и леблебии: Ручек на лажица што ќе го нахрани целото семејство

Јадење за паметење

Колбасот измешан со кељ, леблебии и доматно пире дава совршена комбинација на вкусови

За лутиот вкус на овој гулаш заслужна е толчената пиперка која му дава посебна арома.

Состојки:
  • 1 лажица обично или маслиново масло
  • 1 ситно сечкан кромид со средна големина
  • 2 чешниња ситно исечкан лук
  • 75 г колбас
  • 1 лажица толчена пиперка
  • 400 г ситно исечкани домати
  • 200 мл зовриена вода
  • 2 лажици пире од домати
  • 400 г леблебија
  • 75 г исечкан сушен кељ
  • сол
  • бибер
Приготвување:
  • Во големо тавче загрејте масло на средна температура.
  • Додајте кромид и лук и пржете 2-3 минути, повремено мешајќи, додека омекнат.
  • Додека кромидот и лукот се пржат, исечкајте колбаси, отприлика на 1,5 сантиметри.
  • Додајте колбас и толчена пиперка во тавчето, па пропржете уште малку.
  • Потоа, додајте ги доматите, зовриената вода и доматното пире, и добро промешате.
  • Оставете го да зоврие, а потоа намалете ја температурата.
  • Измијте ги леблебиите со ладна вода и исцедете ги.
  • Додајте ги и нив во тавчето и оставете ги да зовријат.
  • Оставете го сето тоа да се крчка уште 8-10 минути, повремено мешајќи, додека сосот испари до половина.
  • Потоа, во тавчето додајте кељ и оставете да се крчка уште 1-2 минути, додека омекне.
  • Посолете и зачинете со бибер по желба.

ФОТО: Pixabay

А дали ја знаете тајната на совршениот гулаш? Вака се приготвува највкусното јадење на лажица!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.