Готвач ја открил тајната на совршениот гулаш: Вака се приготвува највкусното јадење на лажица!

Мора да пробате!

Прочитајте неколку совети како да го одбирате и сечкате месото за гулаш, како и зошто е важно да се сечка кромидот со нож, а не со блендер

Јунешкиот гулаш е едно од јадењата што многумина го обожаваат, но за да добиете совршено јадење на лажица, важно е да знаете и одредени трикови на професионалните готвачи.

Ја откриваме тајната на најдобриот гулаш:

Изборот на месото е најважниот дел од работата

Земете јунешки врат. Плешката е добра алтернатива. Месото од бут ќе биде влакнесто и нема да биде толку меко.

При динстањето на кромидот, важно е да се почувствува моментот кога треба да се додаде месото. На кромидот му треба густина, слаткост и вкус што ја нема нотата на „пржен кромид“. Не смее да има ни премногу кафеава боја, бидејќи нема да се разгради, но не треба да биде ни пресветол, бидејќи нема да биде вкусен. Најдете ја средината, нешто како за ризото.

Месото сечкајте го на поголеми коцки, може и од 5 сантиметри. Ова не е јадење за изложба, а така ќе биде посочно.

Не го отстранувајте лојот од месото, туку само жилите и тетивите. Лојот ќе се стопи и ќе му даде дополнителен шмек на јадењето. Не штедете на вино, ниту на квалитетот на одбраното вино. Најдоброто вино е црвеното, и тоа она што претпочитате да го пиете со гулашот.

Постојат разни варијанти на гулаш. Ако, на пример, во Унгарија нарачате гулаш, ќе ви донесат гулаш-супа. Австрискиот е поароматичен, но не и полут.

Состојки:
  • 1 дцл масло од сончоглед или свинска маст во еднаква количина
  • 1 кг месо од јунешки врат, поголеми коцки
  • 0,5 кг црвен кромид
  • 0,04 кг лук
  • 0,005 кг ким или половина лажичка кумин
  • 4 лаврови листа
  • 1 мал врзоп магдоносов лист
  • тестенини
Приготвување:
  • Во сад со подебело дно, најдобро поширок, загрејте масло додека почне да чади, но не дозволувајте да продолжи да чади.
  • Ставете исечкано месо и на силен оган пропржете го, па тргнете го.
  • На преостанатото масло додајте ситно сечкан кромид.
  • Кромидот никогаш немојте да го матите, рендате, блендирате или што било слично, за да си олесните себеси. Таквиот кромид има ужасен вкус во јадењата, советуваат готвачите.
  • Со повремено мешање, пржете го кромидот додека добие златна боја. Но не дозволувајте да добие кафеава боја.
  • Вратете го месото, па мешајќи динстајте да испари течноста. На тој начин ќе го дехидрирате месото.
  • Прелејте го со вино, па загревајте додека целосно испари. Вкусот ќе остане. Сега сте го дехидрирале месото по втор пат.
  • Додајте 2/3 од сечканиот кромид и рендан коренест зеленчук, 3 лавори, мелен пипер, сол и бибер. Зеленчукот ќе пушти течност, па уште еднаш оставете ја да испари. Тоа е третата дехидратација. Дали испарила целата течност, ќе знаете по звукот на пржењето.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.