Таа секој ден става коцки мраз во машината: 5 најдобри трикови за перење и пеглање!

Корисни совети

Научете како да ја вратите оригиналната форма на искривениот шешир и како намалената облека да ја вратите во нејзината вистинска големина.

Еве некои од најдобрите трикови за перење и пеглање што некогаш сте ги чуле:

Како да не ви се истутка облеката

Ставете неколку коцки мраз во машината за сушење и вклучете ја средната програма на околу 15 минути. Мразот ќе се стопи и ќе се претвори во пареа што ќе ги неутрализира сите набори на облеката.

Вратете го обликот на деформираниот шешир

Ставе вода да зоврие во помала тава, а потоа спуштете ја температурата и ставете ја капата или шеширот наместо капак. Пареата ќе ја врати првобитната форма! Се разбира, проверете дали рабовите на шеширот случајно паѓаат на ринглата или дали капата не паѓа во тавата. Проверете дали отворот на капата одговара на дијаметарот на тавата.

Солта ја враќа избледената боја

Додајте 150 гр сол во тапанот на машината и измијте ги алиштата на вообичаен начин. Овој метод ја враќа бојата на избледената облека, но исто така спречува и другите алишта да ја изгубат својата оригинална боја.

Ова е сосема безбеден метод и можете да го користите секој пат кога ги миете алиштата, но не користете крупна морска сол. Покрај бојата, солта ќе се грижи и за дамките, особено од пот или крв.

Прочитајте и: Царуваат бактерии и нечистотии: Овие грешки се причината за непријатната миризба од машината за перење

Совршена јака

Дури и кога е убаво испеглана, јаката на кошулата не секогаш изгледа совршено. Тука пресите за коса доаѓаат при рака! Само внимавајте да не ја држите јаката во пресата премногу долго, за да не ја запалите ткаенината.

Вратете ја оригиналната големина на памучната облека која се смалила

Памукот е најлесно да се врати во првобитната големина, а сѐ што ви треба е шампон за бебиња. Потопете ја собраната облека во сад со млака вода и додадете 2 лажици шампон за бебиња. Оставете да отстои половина час.

Ставете ги парче по парче облека директно на пешкир, а потоа завиткајте го за да останат влажни. Потоа, внимателно одвиткајте ја облеката и оставете ја да лежи рамно додека не се исуши. Таа треба да се врати во првобитната големина.

Како да ја испеглате изгужваната облека без пегла: Трикови што ќе ги обожавате!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.