Еве зошто никогаш не смеете да го измиете свежото пиле пред готвење: Опасноста е огромна!

Многу важно

Кога приготвувате пилешко или месо од живина, мора да бидете многу внимателно при миењето, одмрзнувањето и готвењето за да не дојде до зараза или труење

Во април 2019 година, американскиот Центар за контрола и превенција на болести ги предупреди потрошувачите да не го мијат свежото пиле пред варење или печење.

Некои се согласиле дека нема зошто да се мие сировото пиле, додека други тврделе дека треба да се измие слузта што настанува поради пакувањето. Но миењето сирово пилешко (или кое било друго месо), не само што е непотребно, туку може да биде и опасно.

Сировото пилешко, како и сите сирови меса, може да содржат бактерии, но кога ги миете во мијалник, ризикувате тие бактерии да ги раширите низ кујната. Бактериите може да останат во мијалникот, а водата со бактерии од месото може да остане на вашата облека, на садовите во кујната, на подот… Која било од тие површини може да биде контаминирана и да предизвика труење од храна кај вас и вашето семејство.

Ако ви пречи слузта што се наоѓа на пилешкото, избришете ја со хартиена кујнска салвета, но не ја мијте. За да ги уништите бактериите, најдобро е да го обработите пилешкото на високи температури.

Начин на чување пилешко месо:
  • Свежото пилешко смее да се чува два дена во фрижидер, под услов добро да е спакувано во фолија.
  • Во замрзнувач, пилешкото се чува до 9 месеца, а цело пиле може да стои во замрзнувач и до една година.
  • Ако одмрзнувате пилешко, задолжително ставете го во фрижидер да се одмрзне. Никако не чувајте го на работна површина, не го потопувајте во вода и не чекајте да се одмрзне на собна температура.
  • Кога пилешкото месо се одмрзнува во фрижидер, под него ставете кеса или чинија за соковите од месото да не капнат на други намирници.
  • Штицата за сечкање месо секогаш нека биде од пластика, мијте ја во машина за садови на високи температури или со врела вода и детергент.
  • Целиот прибор, како и пултот каде што сте го сечеле пилешкото, задолжително добро измијте ги со сунѓер и сјај за садови, за да ги убиете сите бактерии.
  • По приготвувањето на пилешкото, храната смее да стои на собна температура само 2 часа.
Кобна грешка на многу готвачки: Ако го правите ова со пилешкото месо, го ризикувате здравјето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.