На почетокот од бракот, мажот почнал да ја условува сопругата: Сè уште се прераскажува нејзиниот одговор!

Неверојатно

Прочитајте ја оваа приказна што се прераскажува меѓу жените, а гласи вака

Младо семејство. Мажот ѝ приоѓа на жената и ѝ вели:

„Драга, сега сме во брак, така што време е да поразговараме за правилата во нашето семејство. За да не се расправаме без врска, сакам да бидеме на чисто. Имам само три правила:

Прво правило: Секој четврток играм ФУДБАЛ со другарите. Дожд, снег, бура – не е важно. Јас одам на фудбал. Јасно?“

„Јасно“, одговара жената.

„Добро. Второ правило: Секој петок со пријателите одам во БАР. Тоа, исто така, е во ред?“

„Да, секако.“

„И трето правило: лошо време, земјотрес, роденден на мајка ти, без разлика за каков настан станува збор, секоја сабота сум на РИБОЛОВ. Дали и тоа е јасно?“

„Јасно“, одговара жената.

„Само тоа? Не сакаш ништо друго да кажеш? Можеби имаш некој приговор? Или можеби и ти имаш свои правила?“

„Не, сè е во ред. Што се однесува до правилата, имам само едно. Секоја вечер во 22 часот, јас имам секс. Дали маж ми е дома или не, мене тоа ми е апсолутно сеедно – кај мене е време за СЕКС!

Еве зошто мажите мислат дека туѓата жена е послатка: Жива вистина!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.