Еве зошто мажите мислат дека туѓата жена е послатка: Жива вистина!

Кратка приказна

Еве една поучна, стара приказна за мажите и нивните сопруги

Во дамнешни времиња, Господ ослепел десет луѓе. Еден од нив ја орал земјата, друг чувал овци, трет ловел… По некое време, тие побарале од Господ:

„Сѐ е тука, но нешто ни недостига. Здодевно ни е.“

Господ им дал тесто и им кажал:

„Секој од вас нека си направи жена за себе по избор: заоблена, слаба, висока, мала… А јас ќе им вдахнам живот.“

Потоа, Господ извадил грутки шеќер и ги ставил пред нив.

„Тука има десет парчиња шеќер. Секој нека земе по едно и нека ѝ го даде на својата жена за да му биде животот со неа посладок.“

Тие го направиле тоа, но Господ се налутил:

„Меѓу вас има измамник, бидејќи пред вас имаше 11 парчиња шеќер! Кој зел две парчиња?“

Сите молчеле. Господ ги зел нивните жени и ги измешал, а потоа повторно им ги поделил по случајност. Оттогаш, девет од десет мажи мислат дека туѓата жена е послатка, бидејќи изела повеќе шеќер.

Додека само еден од нив знае дека сите жени се исти, бидејќи тој го изел вишокот шеќер!

Научниците докажаа: Мажите можат да намирисаат кога жената е сексуално возбудена – и еве како!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.