Излегле во јавност тајните пораки на принц Хари и Меган Маркл: „Се обидувам да те добијам цел викенд!“

Ништо не помогнало

Поради Томас Маркл, Меган и Хари и понатаму водат огромна правна битка против таблоидите

Томас Маркл ја уништил венчавката на својата ќерка и тоа на самиот ден на свадбата. Не ѝ се јавил, ги игнорирал сите пораки од неа и принц Хари. Поради него, тие и понатаму водат огромна правна битка против таблоидите.

Меган Маркл и принц Хари ја откажале соработката со четири британски таблоиди и тоа со оние најчитаните. Додека тие тоа го сметаат за цензура, многумина го разбираат потегот на парот кој британските таблоиди немилосрдно го малтретираат веќе со години. Капката што прелеала чашата била објавата на приватни транскрипции помеѓу Меган и татко ѝ Томас Маркл. Сега објавени се и пораките што самиот принц Хари му ги пратил на својот свекор.

Од преписката се гледа дека Меган и Хари се обидувале да го спречат Томас Маркл да зборува за нив со новинарите. Пораките завршиле во јавност, со оглед на тоа што биле дел од правната битка која Меган и Хари ја водат против таблоидот Mail on Sunday кој најпрво го објавил писмото што Меган му го испратила на татко ѝ.

Во пораките јасно се гледа дека Меган се плашела за здравјето и сигурноста на својот татко.

Том, овде е Хари, ви ѕвонам, ве молам да се јавите“, му пишувал Хари на Томас Маркл.

„Том, овде е Хари. Навистина морам да зборувам со вас. Ако ја сакате Меган и сакате сѐ да оправите, ве молам јавете ми се, постојат две опции, што не вклучуваат ваш разговор со медиумите, поради кои настана целата оваа ситуација“, му пишувал Хари на свекорот.

Му кажал дека тој и Меган не му се лути нему.

Сакаме да ви помогнеме, тоа се обидуваме да го направиме од првиот ден“, повторил Хари во една од пораките.

Откако, од медиумите дознале дека Маркл во меѓувреме завршил во болница, Меган му испратила порака:

Се обидувам да те добијам цел викенд, но не ми се јавуваш, ниту ми одговараш на пораките… Многу сум загрижена за твоето здравје и сигурност.“

Тој игнорирал сѐ, а на ќерка му не ѝ се јавил ниту на денот на венчавката, иако му се јавила утрото. На своја рака му испратила обезбедување, кое Маркл го одбил, само за да биде безбеден за време на медиумската хајка која била насочена кон неа и нејзиното семејство.

Не поминало ни еден месец кога излегло интервјуто што Маркл го дал за британскиот таблоид Mail on Sunday, а целата препирка и напнати односи помеѓу Хари, Меган и нејзиниот татко, почнале откако Томас Маркл им продал на папараците свои фотографии.

Хари и Меган Маркл во досега невидено издание (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.