Деликатес на необичен начин: Лазањи во пиперки

Вкусен специјалитет!

Пробајте лазањи приготвени на малку поинаков начин

Состојки:
  • 4 поголеми бабури
  • 1 главица црвен кромид
  • 300 г мелено јунешко месо
  • 200 мл доматен сок
  • 150 г шампињони
  • 3 листа тесто за лазањи
  • 150 г топено сирење
  • 40 г пармезан
  • оригано
  • мешавина шарен пипер
  • масло
  • јодирана морска сол

Приготвување:

1. Бабурите се мијат, па врвовите заедно со дршката се сечат и се оставаат настрана, а семките се отстрануваат.

2. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, шампињоните на листови.

3. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додава меленото јунешко месо и се пржи додека ја промени бојата.

4. Се ставаат шампињоните, се додава доматниот сок и потоа се пасира на умерена температура додека испари вишокот течност. При крајот на динстањето се додаваат ориганото, пиперот и морската сол.

5. Посебно се соединуваат сирењето и пармезанот.

6. Тестото за лазањи накратко се проварува во солена вода, а потоа се цеди од вишокот течност.

7. Помал тркалезен плех се обложува со хартија за печење и во него се редат исчистените пиперки. Се полнат по следниот редослед: лажица од филот од месо, лажица од смесата од сирење, парче тесто за лазањи. Постапката се повторува додека се наполнат пиперките.

8. Се затвораат со капачињата, се мотаат во фолија и се печат во загреана рерна на 200°С, околу 30 минути. Потоа се отстранува фолијата и се продолжува со печење додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.