Ако на улица најдете крст, само продолжете и никако не земајте го: Еве зошто!

Несреќа!

Постојат изгубени туѓи работи што никогаш не би требало да ги земете и да ги внесете во својот дом

Луѓето во брзање или од невнимание губат различни предмети, кои одлетуваат на улица, право пред нозете на случајните минувачи.

Во зависност од тоа што му испаднало некому, луѓето имаат обичај да ги соберат тие работи од улица и да ги однесат дома.

Сепак, постојат работи што никогаш не би требало да ги земате од улица…

Рачен часовник

Не треба да го земате, бидејќи се верува дека рачниот часовник со себе го носи сето она што го носи и неговиот сопственик. Но со часовникот нема да привлечете таленти и добра финансиска состојба, туку само проблемите на сопственикот. Најопасни работи носат часовниците што застанале.

Чешел

Пред се’, не треба да го земете од улица од хигиенски причини. Другата причина повторно е интимната поврзаност со сопственикот. Кога ќе поминете низ својата коса со туѓ чешел, се верува дека ги преземате сите проблеми и лоши мисли што му проаѓале низ глава на вистинскиот сопственик. Инаку, чешелите се сметаат за едни од најкористените предмети во црната магија.

Огледалце

Генерално се смета за еден од најмистичните предмети. Ако го скршите, ќе ве следи несреќа 7 години. Се вели дека не треба да се огледувате ниту во напукнато или скршено огледало. Со туѓо огледало, работите се уште полоши.

Клучеви

Не е важно дали станува збор за еден клуч или за приврзок. Пред се’, не ви е потребен за ништо, а второ, тоа е исто така еден од предметите што често се користат во црна магија за да се поврзе со домот. Значи, воопшто не треба да внесувате туѓ клуч во својот дом.

Крст

Преку изгубениот крст го преземате и крстот на судбината на личноста што го изгубила.

Златен накит

Првата мисла на луѓето што на улица ќе најдат златен накит е да го продадат. Сепак, ако станува збор за обетки, прстени, ѓердани или алки што личноста долго ги носела, во нив се насобрала сета негативност и сите лоши работи што таа личност ги доживеала во животот. Наместо инстант пари, ќе ги преземете сите проблеми на првиот сопственик.

Парички

На улица често може да се видат изгубени монети. Иако луѓето често ги сметаат за знак за среќа и поради тоа ги земаат, металот всушност впива негативност, па со изгубената монета може да преземете нешто многу потешко од „знак за прилив на пари“.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време