Вака правилно се вари домашно кафе: За совршен вкус!

Трикови што вредат злато

Зошто не ви излегува исто секој пат?

Денес луѓето како се’ да прават механички. Стануваме со првиот аларм на телефонот, правец во тоалет, ставаме вода за кафе, додека истовремено ставаме некое залче во уста, се средуваме и се облекуваме, вариме кафе на брзина, го пиеме исто така на брзина и го почнуваме денот.

Колку се’ правиме механички и премногу брзо, ни кажува и фактот дека кафето не излегува баш исто секој пат. Можеби е до брзината и рутината, но и до неколку феноменални трикови што сме ги заборавиле.

Пробајте ги овие феноменални трикови за правење домашно, свежо мелено кафе кое ќе ви го даде совршениот вкус на вашиот омилен топол пијалак.

Изборот на кафе е најважен

За да добиете врвен вкус, арома и густина, мора да одберете квалитетно свежо мелено кафе. Не се сите кафиња исти. Не се ни слични! Ќе го препознаете доброто свежо мелено кафе по густата пена, која е знак дека кафето е со одличен квалитет и претставува своевидна гаранција дека кафето во вашата шолја е апсолутно совршено. Дали знаете дека токму пената ја чува топлината на кафето, неговиот мирис и вкус?

Правилен процес на варење

Овој податок веројатно ќе ве изненади. Дали сте знаеле дека кога варите кафе водата не смее да зоврие? Треба да ја загреете, но да ја тргнете од рингла пред вриењето. Потоа , во ѓезвето со вода сипете кафе.

Колку кафе се става по шолја?

За секоја шолја, оптимално е да ставите една богата лажичка свежо мелено кафе. Бидејќи денес кафето го пиеме најчесто од големи шолји, во твој случај треба да ставиме барем две. Секако, количината на кафе може да ја прилагодите според свој вкус, во зависност од тоа дали повеќе сакате послаб или посилен вкус на кафе.

Завршен процес

Откако сте додале кафе, добро промешајте и вратете го на рингла да порасне до врвот на ѓезвето. Тргнете го ѓезвето од рингла, почекајте пената да се спушти и тогаш кафето е подготвено за послужување и дегустирање. Кафето секогаш треба да го послужите таму каде што ќе се пие, а откако ќе го сипете во шолјата во шолјата, потребно е време тоа да се смири, односно во шолјата да се одвие процесот на екстракција на аромата од фино сомелените зрна.

Најголема грешка

Повеќето луѓе претеруваат со мешањето на кафето и тоа најчесто го убива вкусот и ја уништува пената. Исто така, погрешно е да го засладувате кафето откако веќе сте го свариле, бидејќи повторно ќе мора да го мешате и талогот повторно ќе се поместува. Ако сакате слатко кафе, додајте шеќер во ѓезвето на почеток, кога водата е се’ уште ладна.

Сега кога ги знаете најдобрите трикови, направете си шолја свежо мелено кафе и уживајте во мирисот и вкусот на најубавиот топол пијалак.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.