Англиската пита со тиквички е летно јадење број 1: Лесно, сочно и превкусно!

Ќе барате репете

Пазарите се полни со млади и многу здрави тиквички, па сега е идеално време да ги искористите, а еве еден одличен предлог

Состојки:
  • 500 г мазно брашно
  • 30 мл масло
  • Половина кесичка прашок за печиво
  • Лажиче сол
  • 200 мл вода
  • 4 тиквички
  • 1 парче бело месо
  • 300 г младо сирење
  • 200 г кисела павлака
  • 100 г неутрална павлака
  • 50 мл млеко
  • 4 јајца
  • 4 лажици гриз
  • 70 г пармезан
  • 100 г кашкавал
  • 2 лажички масло
  • Лажиче сол
  • Прстофат бибер
Приготвување:

Од брашното, маслото, прашокот за печиво, солта и водата замесете мазно тесто. Формирајте ролна и одвојте третина од тестото. Формирајте го во топче и оставете го половина час во фрижидер. Тиквичките исечете ги на многу тенки кругови, посолете ги и ставете ги во цедилка за да се исцедат од водата што ја пуштаат. Измешајте сирење, кашкавал, кисела и неутрална павлака и млеко. Мешајте, додавајќи ги јајцата едно по едно, гризот и пармезанот. Посолете по вкус и забиберите, а на крајот, додајте ги тиквичките и белото месо што сте го искинале на влакненца. Расучете го тестото во круг и со сукало пренесете го во подмачкан калап. Во калапот сипете ја приготвената смеса, па печете ја околу еден час на 170 степени.

Добар апетит!

Палачинките од тиквички и компир се совршениот летен оброк: Се приготвуваат за миг, а најдобро одат со кисело млеко
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.