Десерт без грижа на совест: Вегански пудинг од чоколадо

Кој рече дека пудингот не може да биде здрав?

Ви претставуваме здрав, вегански рецепт за пудинг од чоколадо!

Она што нè натера да се заљубиме во него е фактот дека е многу лесен за правење, и не мора да се грижите дали ќе чувствувате каење откако ќе уживате во ова кремасто задоволство!

Состојки

  • 3/4 чаши овес
  • 1/3 чаша јаворов сируп
  • 2 1/4 чаши кокосово млеко (може да биде и секое друго растително млеко, по вкус)
  • 1/4 чаша какао во прав

Начин на подготовка

1. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте околу една минута.
2. Истурете ја смесата во шерпа и загрејте на средна топлина. Гответе го пудингот околу две минути со постојано мешање.
3. Кога смесата ќе почне да се згуснува, намалете го огнот и варете уште три минути со постојано мешање.
4. По готвењето, пудингот веќе ќе биде многу густ, а за целосно уживање, пред сервирање, ставете го во фрижидер еден час.

Уживајте!

Прочитајте и: Идеалниот летен нискокалоричен коктел од малина стана нашиот нов омилен пијалак

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.