5 кобни грешки при приготвување скара: Еве зошто не ви излегува добро!

Не правете го ова!

Корисни совети што треба да ги применувате кога приготвувате скара

Правењето скара е вештина што се стекнува со искуство. Кога ќе купите квалитетно месо, важна е подготовката пред самото печење.

За да испечете квалитетно парче место, треба да ги одбегнувате грешките со кои се соочуваат бројни почетници.

Не го маринирате доволно месото

Скарата ќе биде повкусно ако ја маринирате во масло и зачини неколку часа пред печењето. Најдобро би било да го направите тоа вечерта пред приготвувањето.

Не заборавајте во маринадата да додадете лимонов сок или оцет, бидејќи така ќе го спречите развојот на хетероциклични амини на високи температури при пржење, кои се сметаат за канцерогени.

Одбегнувате дополнителни маснотии

Немасното месо, како пилешкото и мисиркиното, ќе се залепат за решетките на скарата ако не ги премачкате со некое масло. Натопете хартија за печење со масло или со путер, па поминете низ загреаните решетки пред да ги ставите на нив парчињата месо.

Ставате ладно месо на решетка

Како што не би ставиле ладен стек во тавче, исто така би требало да го оставите маринираното месо на собна температура пред да го ставите на решетките од скарата. На овој начин месото поубаво ќе се испече и ќе има подобра боја.

Премногу го вртите месото

Кога ќе го ставите парчето месо на скара, што помалку вртете го и поместувајте го. Имено фантастичниот вкус на месото од скара му го дава карамелизацијата на површината до која се доаѓа кога парче месо се пече на соодветна температура и соодветен временски период.

Кога ќе сметате дека треба да го свртите месото, со фаќалка обидете се нежно да го одвоите месото од решетката. Ако месото се лепи за решетката, а сте ја намрсиле, тоа е знак дека треба да го оставите уште неколку минути да се пече за да добие убава карамелизирана површина.

Не го оставате месото да се одмори

За да се изедначат соковите во месото, односно да стане парчето сочно, треба да одмора по малку.

Кога месото ќе се испече, завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го да отстои. Алуминиумската фолија ќе ја задржи топлината, а парчињата месо ќе имаат одличен вкус.

Маринада што секое месо ќе го претвори во најсочна магија: Неодоливо меко и полно со вкусови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.