Маринада што секое месо ќе го претвори во најсочна магија: Неодоливо меко и полно со вкусови!

Сочно и пикантно

Ако го маринирате вака, месото ќе биде послатко и повкусно од кога било претходно

Оваа фантастична маринада ќе направи вашето месо да стане дупло посочно, ароматично и да се топи во уста. Во неа можете да маринирате бело месо, бифтек, свинско филе, па и мисиркино, и ќе добиете месо што ќе го обожава целото семејство.

Состојки:
  • маслиново масло
  • морска сол
  • соја-сос
  • лажиче сенф
  • лажиче мед
  • лавров лист
Приготвување:

Ставете го месото во чинија за чување храна, така што парчињата ќе бидат едно до друго, сипете маслиново масло, додајте сол, сенф, мед, лавров лист и соја-сос (количината на зачините одредете ја по личен вкус). Потоа, (најдобро со раце) добро измешајте го сето тоа, за месото рамномерно да ги впие сите состојки. Вака маринираното месо оставете го прекуноќ во фрижидер, за да ги впие сите зачини.

Во оваа маринада, месото може да стои во фрижидер неколку дена.

Уживајте!

3 трика за најсовршената маринада: Вака ќе го направите најсочното и најмекото месо што сте го пробале!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.