Која е разликата помеѓу белите и кафеавите јајца: Генетичар конечно ја разреши дилемата!

Сме живееле во заблуда!

Дали разликата во бојата е случајност или не? Дали влијае врз вкусот на јајцата?

Јајцата се еден од омилените производи бидејќи може да се приготват на повеќе различни начини, а нивните здравствени придобивки се големи.

Но сигурно сте забележале дека тие се разликуваат не само во големината, туку и во бојата. Па така, имаме кафеави јајца во сите нијанси, но и бели.

Која боја ќе биде јајцето зависи од видот на кокошката

„Гените на кокошките ја одбираат бојата на лушпата. Имено, пилињата со бело перје положуваат бели, а црвеникаво-кафеавите положуваат кафеави јајца“, објаснува генетичарка и професорка на њујоршкиот Универзитет Конрел.

Зошто има повеќе бели јајца?

Таа вели дека расата Араукана дава јајца со лушпи со бели нијанси.

Па така, сѐ зависи од генетиката, а разлика всушност нема. Меѓутоа, ако не постои разлика во вкусот, зошто тогаш во продавниците се наоѓаат во различни кутии?

Всушност, станува збор за цената на одгледување различни кокошки. Кокошките што несат кафеави јајца обично се поголеми, па трошоците за нивно одгледување и исхрана се многу поголеми, додека белите кокошки се подостапни и поисплатливи за производство.

Лушпите од јајца се вистинско богатство, а сите ги фрламе: Нема да ви се верува што сѐ лекуваат и како можете да ги користите! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.