Генијален трик со кој фрижидерот секогаш ќе ви мириса свежо: Толку лесно, едноставно и евтино!

Лесно и ефикасно!

Фото: Getty Images

Аромите од храната во фрижидерот честопати знаат да се измешаат и да создадат многу непријатен и одбивен мирис – но постои генијално решение за овој проблем

Ако во фрижидер чувате намирници со специфичен мирис, како месо од скара, маринада, специјалитети со лук, постои оправдан ризик дека остатокот од храната, како што се колачите или тортите со шлаг, ќе ги впијат тие силни ароми.

Во тој случај помага еден едноставен, делотворен и потполно бесплатен трик. Станува збор за најобична кесичка за чај.

Сварете чај, извадете ја кесичката, почекајте да се исуши, ставете ја на чиниче, а потоа сместете ја во централниот дел на фрижидерот. Кесичката чај ефикасно ги впива непријатните мирис, но сепак, пред да ја ставите во фрижидер, ставете ја храната во пластичен сад или поклопено тенџере.

Ако фрижидерот ви е преголем, употребете неколку кесички чај и распоредете ги на повеќе места.

Исто така, кесичката чај може да ви послужи да ги неутрализирате миризбите од корпата за отпадоци – едноставно ставете ја на дното од корпата. Истото важи и за песокот за мачки – ставете една кесичка во кутијата каде што го чувате песокот.

Толку лесно, а ефикасно! Задолжително пробајте!

Едноставен и генијален трик како фрижидерот секогаш да ви мириса свежо: Ќе ги собере сите измешани и непријатни миризби!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.