Едноставен и генијален трик како фрижидерот секогаш да ви мириса свежо: Ќе ги собере сите измешани и непријатни миризби!

Многу лесно!

Миризбите и разната храна во фрижидерот знаат да се помешаат и тоа може да биде многу непријатно за сетилото на мирис

Фрижидерот е местото каде што го чуваме поголемиот дел од храната, особено за време на летниот период, кога намирниците брзо се расипуваат поради горештините. Метежот во фрижидерот и големиот број различни намирници, со различни мириси, особено готвената храна што стои подолго време, можат да произведат комбинација на миризби што знае да биде многу непријатна.

Измешаните мирис од фрижидерот можат да бидат толку непријатни, што понекогаш ќе си помислите дека нешто од производите се расипало.

Постои едноставно решение како вашиот фрижидер, без нималку мака, постојано да мириса убаво и свежо.

За тоа нема да ви требаат никакви скапи освежувачи, ниту какви било вештачки производи. Сѐ што треба да направите е во три или четири мали садови или шолји да сипете по неколку (5-6) лажички мелено турско кафе и да ги распоредите во различни агли во фрижидерот.

Кафето ќе дејствува така што во себе ќе ги вовлече непријатните мириси и вашиот фрижидер ќе мириса на свежо и на чисто.

Делотворноста на кафето трае неколку дена (околу една недела), по што би требало да го замените со свежо, за да не почнат мирисите повторно да се насобираат.

Еднаш неделно ставете го ова во фрижидер: Нема потреба да го чистите, секогаш ќе биде свеж!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.