Идеален оброк за здрав појадок или десерт
Ако сте љубители на здравиот животен стил, ова е идеален оброк за појадок или десерт за вас. Катерина Шамбевска Спасеновска им го обележа летото на своите сакани со овој рецепт, па посетете го нејзиниот инстаграм-профил @katerina.shambevska или веб-сајтот sezahrana.mk
Состојки:
За чиа-пудингот:
- 300 мл јогурт
- 40 г чиа-семе (6 лажици)
За полнење на чашите:
- 6 лажици пасирани јагоди (8 јагоди/160 г)
- 20 г мелени бадеми (18-20 бадеми)
- 6 полни лажици овесни снегулки
- 4 лажички мед
- 4 јагоди
- 10 полни лажици од претходно приготвениот чиа-пудинг
За декорација:
- 2 јагоди исечени на кругови
- 2 лажички мелени бадеми
- 2 лажички кокос
- ливчиња нане
Приготвување:
1. Потребни состојки
2. Испасирајте ги јагодите и сомелете ги бадемите
3. Додајте по 4 лажици чиа-пудинг во секоја од чашите
4. Декорирајте ги чашите со јагоди, бадеми, кокос и гранче нане
Уживајте во фантастичниот вкус со „Се’ за храна“! На здравје!
Извор: Добра храна