RosacEase во третман на розацеа, периорифицијален и радиодерматит

RosacEase безбеден за долготрајна употреба, без несаканите дејства на традиционалната терапија

Др.Бачев Апимел е фармацевтска компанија специјализирана за производство на природни препарати со прополис и етерични масла. Компанијата е предводена од тим на посветен медицински персонал кој се состои од медицински доктори, доктори по дентална медицина, доктори по фармација со колективно искуство од преку 100 години. Основана е од Д-р Петар Бачевски, специјалист по дерматовенерологија, главната визионерска и движечка сила на компанијата.

Во изминатите 10 години, Др. Бачев  Апимел има воспоставено мноштво бизнис партнерства на Балканот.
Портфолиото на компанијата се состои од 20 производи, од категориите на „Додатоци во исхрана“, „Гранични производи” и „Медицинска козметика”

Во нивната широка палета на производи има избор за сите возрасти, а совршена е за сите
оние кои го следат глобалниот тренд на користење природни препарати. Постојано го зголемуваат нивното портфолио, со 6 нови козметички производи кои се во фаза на одобрување.

За производот

Нивниот најиновативен производ до денес е „RosacEase”, козметички производ наменет за третман на розацеа, периорифицијален дерматит и радиодерматит.

Розацеа е хронична, воспалителна и потенцијално живото-нарушувачка состојба. Најчесто ја зафаќа кожата на лицето, но може да се појави на кожата на вратот, скалпот, ушите и деколтето. Почесто се јавува кај жени по триесеттата година од животот и се карактеризира со црвенило на образите, носот, брадата и челото. Доколку не се лекува, состојбата може да прогредира со појава на акни (acne rosacea) и ринофима (деформитет на носот) кај мажи.

Традиционално, терапијата за розацеа се состои од комбинација на повеќе лекови вклучувајки антибиотици, ретиноиди и кортико стероиди (терапевтска грешка), која резултира со несигнификантно подобрување на состојбата и ретко задоволителен ефект кај пациентите.

RosacEase е природен козметички производ, високо ефикасен при справувањето со розацеа. Активните состојки како прополис и невен имаат силно против воспалително, а воедно фотопротективно, регенеративно и „anti-age” дејство.

Нивната уникатна технологија за производство на хипоалерген прополис, како и отсуството на вештачки бои и мириси во составот на препаратот, го прават RosacEase безбеден за долготрајна употреба, без несаканите дејства на традиционалната терапија.

RosacEase е едноставен за употреба, ефтин и ефикасен препарат без кортикостероиди, конзерванси, вештачки бои и мириси. Пациентите кои го употребуваат овој препарат имаат позитивни и видливи резултати по само една недела од употребата. Розацеа е комплексно кожно нарушување и по една деценија истражување и напорна работа, конечно Dr. Bacheff Apimell има одлично решение за менаџмент на оваа состојба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.