Синди Крафорд (53) во костим за капење: „Престара си за тоа!“

Што мислите за тоа?

Дали 50-тите навистина се годините кога треба да се престане со покажување на телото?

Легендарниот супермодел Синди Крафорд (53) објавила фотографија на Инстаграм на која позира во темноцрвено бикини.

Непосредно по објавата, коментарите почнале да надоаѓаат од сите страни.

И додека повеќето го фалеле нејзиниот изглед, нагласувајќи дека изгледа исто како на врвот на својата манекенска кариера, имало и такви што заклучиле дека не е примерно да се објавува таква содржина на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B035fONFFzn/?utm_source=ig_embed

„Престара си за ова“, напишал еден корисник, додека други ја обвиниле дека намерно се фали и го истакнува своето тело.

Синди никогаш не криела дека за нејзината совршена линија заслужна е комбинацијата од добри гени и многу време и труд вложени во изгледот. Таа одбегнува да јаде калорична храна, како што се благите, рафинираните јаглехидрати и преработената храна. Со личен тренер вежбам барем три пати неделно, а голем љубител е и на пливањето.

„Никогаш не сум се разбудила со желба да вежбам“, признала во едно интервју и додала дека во тие ситуации се принудува да оди на тренинг, бидејќи потоа се чувствува одлично.

„Самото сознание дека сум силна има големо влијание врз моето ментално здравје“, рекла Синди.

https://www.instagram.com/p/B0bZ7WSlEL-/?utm_source=ig_embed

„Со вакво тело, годините не се важни“, напишала една жена во коментарите, а друга заклучиле дека „хејтерите“ би биле пресреќни кога би изгледале како Синди во кој било животен период.

Што мислите вие? Дали во 50-тите години треба да се престане со покажување на телото?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.