Торта со портокали и со лешници за 8 лица

Време е за слатко

Ако веќе не можете без слатко, пригответе домашни слатки од квалитетни намирници и приспособете ги на сопствениот вкус. Приготвената торта оставете ја во текот на ноќта во фрижидер за да се стврдне добро и лесно да се сече на резанки.

Состојки:

За кората:

  • 300 г мелен кекс
  • 60 г шеќер во прав
  • 125 г путер
  • 200 мл сок од портокал
  • 70 г печени сечкани лешници

За филот:

  • 4 јајца
  • 200 г шеќер
  • 250 мл слатка павлака
  • 2 ванили
  • 1 лажица густин
  • 1 лимон
  • 10 г желатин

За декорација:

  • 200 мл слатка павлака

Приготвување:

За приготвување на кората се мати омекнатиот путер со шеќерот во прав.

Мелениот кекс се прелева со сокот од портокал, па се соединува со смесата од путер. Се додаваат сечканите лешници и добро се мешаат.

Тркалезен калап се обложува со хартија за печење, па дното се прекрива со смесата за кората.

За приготвување на филот се соединуваат 3 жолчки и едно цело јајце со 100 г шеќер, густинот, ванилиниот шеќер и млекото.

Добро се меша со маталка и се вари на умерена температура, со непрекинато мешање, додека се згусне.

Посебно се матат трите белки во цврста пена, постепено додавајќи 100 г шеќер.

Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се чека да набабри, а потоа се додава во врелиот фил.

Се додава пената од белките и сокот од лимон, па полека се меша со лажица.

Приготвениот фил се прелева преку кората од кекс и се остава на ладно да се стврдне.

Оладената торта се вади од калапот и се декорира со шлаг од слатката павлака.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.