Вежби со кои ќе го подобрите вашиот тренинг, ќе согорите повеќе калории и ќе изградите потрајни мускули

Испробајте

Трчањето може да биде здодевно. Тоа е кардио тренинг што е одличен затоа што е достапен и бесплатен за секого, но ако не менувате патишта или немате друштво, можно е брзо да се откажете.

Резултатите за вашето тело и ментално здравје нема да изостанат доколку сте конзистентни и упорни, но доколку сте нетрпеливи, постои начин да стигнете до нив побрзо и да ја зачините вашата рутина.

За време на следното патување до паркот каде што трчате, вклучете ги овие три вежби во вашата рутина. Тие согоруваат калории, ја зајакнуваат кондицијата и градат трајни мускули.

Исчекори со пешачење (100 метри)

Застанете исправено, а потоа направете чекор напред и спуштете се во длабок исчекор, така што коленото на задната нога скоро ќе го допре подот. Подигнете се на исправена положба и направете ја истата постапка со другата нога. Може така да одите 100 метри.

Чучњеви од скок (20 повторувања)

Ставете ги двете раце зад главата и застанете исправено. Стискајте ги колковите и спуштете се во полн чучњев, а потоа направете експлозивен скок во воздухот. Скокајте што е можно повисоко и повторете 20 пати.

Спринт (100 метри)

Сто метри не е голема далечина, но доволно е да се пробие монотонијата. Подигнете ги колената високо додека го истрчувате спринтот и ги користите рамената. По 100 метри вратете се на исчекорите.

Прочитајте и: Што треба да јадете пред, за време и по тренингот?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.