Лушпите од јајца се вистинско богатство, а сите ги фрламе: Нема да ви се верува што сѐ лекуваат и како можете да ги користите! (ВИДЕО)

Изобилуваат со минерали

Кога ќе го прочитате ова, никогаш повеќе нема да ги фрлате лушпите од јајца

Јајцата се еден од омилените производи за појадок во многу домови, без разлика дали ги варите или ги пржите како јајце на око, омлет или кајгана.

Но лушпите од јајца, секогаш завршуваат во корпа за отпадоци, без да бидете свесни каква грешка правите.

Имено, лушпите од јајца содржат дури 90% калциум – минерал што ги штити нашите коски и придонесува за целокупното здравје.

Не постои ниту еден друг производ што содржи толку многу калциум, кој ни е неопходен. Секако дека не треба баш да ги грицкате, но постојат разни други начини на кои можете да ги употребите.

Здравствени придобивки

Постојат бројни истражувања од американскиот Национален институт за здравје за прашокот од мелени лушпи од јајца, а резултатите се одлични. Имено, прашокот од лушпи од јајца има бројни позитивни дејства на организмот.

Истражувањата утврдиле дека лушпите од јајца се одлични за коските, за правилна функција на тироидната жлезда, за лекување гастритис, како и дека го зајакнуваат организмот.

Лушпите од јајца содржат совршена комбинација на супстанции за лекување кариес, а покрај калциум, содржат и 27 други минерали. Составот на лушпите од јајца е ист како и оној на нашите заби.

Лушпите од јајца можат да помогнат во лекувањето ортопедски болести. Витамините и минералите што ги има во лушпата можат да помогнат во намалувањето на загубата на коскена маса кај жените во постменопауза.

Содржат многу калциум, па затоа ги зајакнуваат коските, а освен тоа, го намалуваат холестеролот и крвниот притисок.

Половина лажиче мелена лушпа од јајца содржи 1.000 до 1.500 мл калциум, а тоа е 90% од нашата потреба за дневна доза.

Повеќе нема загорени тенџериња и тавчиња

Колку пати ви се случило да ви загори омиленото јадење? Но со еден трик со лушпи од јајца, загорената храна станува минато.

Издробете неколку лушпи од јајца во тавчето со загорена храна, додајте малку сол и врела вода, па истријте го тавчето со сунѓер.

Ги остри сечилата во миксер (мултипрактик)

Ставете неколку лушпи од јајца во замрзнувач половина час, а потоа во миксер. Додајте малку вода, па вклучете го миксерот. Резултатот се остри сечила како штотуку купени.

Лушпи од јајца како ѓубриво за растенија

Лушпите од јајца се полни со калциум карбонат кој е добар за билките.

Исушете ги лушпите и сомелете ги во прав или колку што можете поситно. Чувајте го прашокот во тегла за секогаш да ви биде на дофат. Измешајте го прашокот од лушпите со малку земја за цвеќе, па ставете го онаму каде што е потребно малку ѓубриво.

Прашок од лушпи – се прави од органски јајца
  • Добро измијте ги лушпите, ставете ги во врела вода и варете ги 10 минути. Не користете лушпи од живи јајца.
  • Исушете ги сварените лушпите, ставете ги во рерна на 150 степени Целзиусови, десет минути.
  • На крајот, изблендирајте ги.
  • Чувајте го прашокот во фрижидер.
  • Земајте 1,5 до 3 лажички дневно.

Еве како ќе знаете дали е безбедно да јадете лушпи од јајца:

  • Ако јајцата не се варени, тогаш варете ја лушпата барем 10 минути за да се уништат потенцијалните штетни бактерии.
  • Оставете ги лушпите да се оладат, па сомелете ги во прашок.
  • Чувајте ги во херметички затворен сад.
Што сѐ можете да направите со остатоците од кујната
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.