Што сѐ можете да направите со остатоците од кујната

Корисни совети

Не фрлајте ги – што можете да направите со отпадоците од кујната што сигурно не сте знаеле досега

Кафе за ексфолијација и отстранување на лошите мириси

Освежете ги чевлите со остатоците од кујната. Ставете неколку лажички суво кафе, талог во чевлите и оставете да седи преку ноќ. Кафето ќе ги апсорбира сите непријатни мириси од чевлите.

Непријатната арома од рацете создадена со готвење ќе исчезне ако ги навлажнете рацете и потоа истриете кафе на нив.

Ексфолијација: Комбинирајте кафе со кокосово масло и кафеав шеќер за да добиете домашен пилинг со прекрасен мирис.

Можете исто така да го користите кафето како ѓубриво за цвеќиња, кога ќе додадете неколку лажички сув талог во почвата, вашите растенија ќе почнат да цветаат.

Кора од лимон

Може да се користи за белење на кожата бидејќи киселоста на лимонот делува како средство за избелување. Излупете ја кората од лимонот и тријте ја на темните дамки, пред спиење и исплакнете наутро. Не излегувајте на сонце кога нанесувате лимон на кожата.

Покрај белеење на кожата, кората од лимон ќе ги избели вашите нокти и ќе им даде природна боја. Неколку дена по ред, поминете ги со кора од лимон и резултатите ќе бидат видливи. Истата работа можете да ја направите и кога станува збор за забите.

Антибактериска бања за стапала: Излупете го лимонот и ставете ја кората во тенџере со вода, ставете лажичка сода бикарбона, промешајте за да ја растворите содата. Кога содата ќе се раствори, натопете ги стапалата во водата. Таквата бања има антибактериски својства во комбинација со освежувачки мирис, а овошните киселини ќе помогнат при нежна ексфолијација на кожата.

Со кората од лимон исто така можете да ги чистите предметите од месинг, нерѓосувачки производи, така што ќе ги триете со кората и потоа ќе го исплакнете со вода за да му дадете совршен сјај.

 

Прочитајте и: За да се опуштите и смирите, пред спиење испијте го ова: Го регулира крвниот притисок, ги смирува мозокот и душата!

 

Кесички чај

За отечени очи: Чајот содржи голема количина танин кој го намалува отокот. Облоги за очи се прават од разладен црн или зелен чај. Ставете ги влажните кеси на уморните очни капаци за да се ослободите од црвенилото. Не користете чаеви со вкус, тие можат да ги иритираат очите уште повеќе.

За да го освежите мебелот: Со влажна кесичка од црн чај, можете да го избришете темниот дрвен мебел и подовите за да им дадете нов сјај.

За чистење на прозорците: Кога миете прозорци, запомнете да ставите чај во водата. Таквата постапка ќе обезбеди брилијантност без создавање линии.

Да се ослободите од ‘рѓата: Танинот, составен дел од чајот, спречува формирање на ‘рѓа, затоа е добар за чистење на приборот за јадење и други предмети подложни на ‘рѓа.

Лушпи од јајца

Лушпите од јајца се богати со калциум што им помага на растенијата. Земете неколку лушпи од јајце и истурете ги во секоја дупка пред садењето. По садењето, секоја недела истурајте кршени лушпи во почвата.

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.