Торта шубара: Сочен десерт што се топи во уста

Пробајте ја!

Комбинација од чоколадни кори, млечен фил со арома на ванила и бело чоколадо

Овој десерт нема да ве остави рамнодушни!

Потребни состојки:

За кората

  • 6 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 100 милилитри масло
  • 100 милилитри млеко
  • 3 лажици какао во прав
  • 8 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

За филот

  • 1 литар млеко
  • 8 лажици брашно
  • 6 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 грама бело чоколадо
  • 125 грама маргарин
  • 150 грама шеќер во прав

За глазурата

  • 100 грама црно чоколадо
  • 50 грама маргарин

За потопување на корите

  • 200 милилитри ладно млеко

За наросување

  • 80-100 грама кокосово брашно

Приготвување:

Прво, пригответе калап за печење и вклучете ја рерната на 180 степени.

Изматете снег од шест белки, постепено додавајте шеќер и на крај жолчките. Изматете уште малку, па со лажица измешајте ги сите останати состојки за кората. Печете околу 40 минути, па кога ќе се излади, пресечете ја на половина за да добиете две кори.

Загрејте 800 милилитри млеко со шеќер и ванила. Во 200 милилитри млеко измешајте брашно па додајте го во свареното млеко.

Тргнете го од шпорет и во врелото млеко ставете коцки бело чоколади за да се стопат. Измешајте, па оставете да се излади.

Посебно изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, па спојте ги со изладениот фил. Ставете ја кората на тацна, потопете ја со 100 милилитри млеко, премачкајте ја со фил, па повторно ставете кора потопена во млеко. Оставете ја тортата во фрижидер еден час. Премачкајте ја околу со фил, наросете кокос и озгора прелијте ја со глазура.

Пред да ја пресечете, оставете ја добро да се излади.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.