САЛАРИЦИ: Старински десерт на којшто никој не останува рамнодушен!

Рецепт за кифлички со маст

Нивниот мирис ќе ве врати во детството

Омилениот десерт на постарите генерации. Речиси и да не постои човек кој не чекаше баба му да му ги замеси познатите саларици или салчици. Ретко кој знае да ги приготви на вистинскиот начин, но овој рецепт гарантира успех.

Состојки:
  • 600 г брашно
  • 3 жолчки
  • рендана кора од 1 лимон
  • прстофат сол
  • 3-4 дцл кисела вода
  • За премачкување:
  • 400 г сало (исчистено, сомелено или изматено во блендер)

 И уште:

  • џем од кајсии
  • шеќер во прав
  • ванилин шеќер
Приготвување:

Во подлабок сад просејте брашно, додајте жолчки, кора од лимон, 1 лажица сало, сол и постепено додавајте вода. Замесете средно меко тесто, расучете го тенко и премачкајте го со 1/3 од салото. Преклопете го како за лиснато тесто и оставете го да одмора на собна температура (пожелно е просторијата да биде поладна) околу половина час.

Повторете ја постапката уште два пати, четвртиот пат расучете го тестото на дебелина од 1 см, расечете го со нож од сите страни за убаво да се разлисти, пресечете го на квадрати и на секој квадрат ставете лажиче џем.

Преклопете два краја од тестото кон средината и притиснете малку за да не се отворат при печењето или внимателно преклопете ги на пола. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.

Оставете ги готовите саларици да се оладат малку, обилно посипете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер и уживајте во лиснатите, крцкави залачиња. Добар апетит!

Единствениот рецепт за ванилици што ви треба е ОВОЈ: Вкус што ќе го паметите додека сте живи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.