Одбива да го намали носот и да стави ботокс: Додека другите актерки се подмладуваат, таа гордо ја носи титулата најсексапилна жена!

Природно си е природно

Една од најприродните актерки успеала да украде неколку часа одмор и да тркне до море со пријателите и семејството

Пенелопе Круз (48) изгледала неверојатна додека уживала во Италија скокајќи од јахта во Медитеранското море. Актерката на паузите од снимањето филм, тркнала до море за да ужива во августовските денови. Друштво ѝ правеле децата и пријателите, а Пенелопе се забавувала не грижејќи се за папараците кои вредно го фотографирале секој нејзин скок во водата.

Инаку, Пенелопе е позната како актерка која го негува природниот изглед и не подлегнува на естетски корекции. Таа се труди да вбризгува ботокси и филери во лицето и со години го игнорира советот да го „дотера“ носот по хируршки пат.

Поради тоа што е природна на прагот од 50-тите години, таа добива сè повеќе улоги во филмови и е една од најбараните актерки на денешницата.

Нејзиниот сопруг Хавиер Бардем често вели дека таа е многу темпераментна и дека е една од најсексапилните жени на светот.

Какви нозе, тело… изгледа како божица: Најубавата актерка во Европа уловена како разменува бакнежи со сопругот на плажа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.