10 постапки на токсичните мајки: Жените што прават вакви работи можат целосно да им ја уништат психата на нивните деца!

Семејни односи

Повеќето луѓе под поимот мајка подразбираат пожртвувана жена која гаи безусловна љубов кон своите деца и која ќе направи сè за да го изведе своето потомство на вистински пат, одрекувајќи се од многу работи. Но дали секогаш е така?

Иако мислат дека го прават најдоброто за своите деца, понекогаш работите не функционираат така. Ако имате токсична мајка, тоа може да остави последици што ќе ве следат до крајот на животот. Според експертите, ова се десетте типови токсични мајки…

Мајка која контролира

Ова е мајка која сака сè да контролира. Сака детето да го направи точно тоа што го кажала, како што го кажала.

Инвазивна мајка

Ова е тип на мајка која не му дозволува на детето ни ронка приватност. Таа проверува сè и честопати кон детето се однесува како да не е индивидуална личност. Сака да знае сè што прави детето.

Мајка која занемарува

Овој тип на мајка го прави само тоа што нејзе ѝ годи. Не е среќна што мора да се грижи за дете, па вложува минимален труд. Таа во суштина го занемарува детето. Не ја интересира како детето го поминало денот, ретко учествува во активности со децата и слично.

Мајка полна со нереални очекувања

Оваа мајка очекува детето да биде совршено во секој момент. Очекува најдобри оценки и секогаш се држи до највисоките стандарди. Дури и кога давате сè од себе, тоа не ѝ е доволно.

Агресивна мајка

Тешко може да се справите со ваква мајка. Станува агресивна за ситници. Детето може да дава сè од себе да не ја налути, но ништо не ја прави задоволна. Затоа, постојано го истура својот гнев на детето.

Нарцисоидна мајка

Ова е мајка која сака сè да биде совршено, но нејзините желби секогаш се пред потребите на детето. Секогаш се претставува како совршена мајка.

Мајката на која детето треба да ѝ биде родител

Ваквата мајка се грижи за себе, доаѓа дома со фризура и не ја интересира што се случува во домот. Таа го принудува детето пребрзо да порасне.

Мајка која глуми жртва

Мајката глуми жртва и попатно го потсетува детето што сè направила за него. Токсичните мајки честопати почнуваат да го прават ова уште од раното детство, најмногу поради свои лични цели.

Мајка која прави споредби со другите и фаворизира

Токсичните мајки често го истакнуваат својот фаворит меѓу децата за да ја задржи контролата над нив. Се обидува да манипулира со нивната потреба да се натпреваруваат за нејзината наклонетост, а тоа исто така влијае и врз односите меѓу браќата и сестрите.

Мајка која посрамува и обвинува

Оваа манифестација на токсичен мајчински пристап може да се препознае по претерувањето и увеличувањето на вашите пропусти пред другите. Овие мајки ги обвинуваат децата за сопствените грешки. Фразите што ги користи токсичната мајка во вакви моменти се „ти секогаш“ и „ти никогаш“.

Еве што се случува во главата на детето кога ќе добие ќотек од мајката: Објаснување на психолог!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.