Единствениот рецепт за ванилици што ви треба е ОВОЈ: Вкус што ќе го паметите додека сте живи!

Пробајте

Највкусните ванилици

Денес ви откриваме рецепт за ванилици што несомнено ќе ги инспирира сите домаќинки…

Состојки:
  • 250 г путер или 200 г маст
  • 1/2 кг брашно
  • 1 жолчка или 1 цело јајце
  • 4 лажици шеќер
  • сок од 1 лимон
Приготвување:

Пенесто изматете го путерот или маста, а потоа додајте жолчка или цело јајце, шеќер и сок од еден лимон. Во садот сипете брашно, истурете го сето тоа на штица за месење, замесете тесто и со сукало расучете кора со дебелина од 1/2 сантиметар.

Со калап за ванилици извадете погачки, секоја од нив потопете ја во изматен снег од 2 белки, па посипете ги со ситно сечкани ореви. Редете ги во намрсен плех, ставете ги во рерна да се печат, но внимавајте да останат бели.

Печените ванилици премачкајте ги со џем, составете ги две со две, посипете ги со ванилин шеќер и послужете ги.

Лажни ВАНИЛИЦИ, брзи а вистински добри!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.