Ова е најдобрата пита од јаболка: Вкус што не се заборава! (ВИДЕО)

Пробајте!

Ни пристигнаа есенските јаболка, време е да ги искористите

Состојки:

За филот

  • 5 јаболка
  • 100 г шеќер
  • 170 г путер

За тестото

  • 240 мл топло млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кесичка квасец
  • 500 г брашно
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 180 г путер
  • 1 шолја кафеав шеќер
  • 2 лажици цимет
Приготвување:

Излупете ги јаболката и исчистете ги од семки, па исечете ги на третинки. Потоа, во тавче карамелизирајте 100 г шеќер, па додајте путер, а потоа и јаболката.

Оставете го сето ова да се крчка 5 минути, па наредете ги јаболката на дното од тркалезна тепсија. Прелејте ги со сокот и оставете ги на страна додека го приготвувате тестото.

Во подлабока чинија сипете топло млеко, па додајте лажица шеќер и квасец. Оставете го квасецот да нарасне, па додајте две изматени јајца, а потоа и брашно и сол.

Сето тоа замесете го во тесто, кое ќе го префрлите на работна површина и добро ќе го замесите. Додајте околу 80 г путер, па месете уште малку. Потоа, расукајте тесто и премачкајте го со остатокот од путерот.

Врз него додајте шеќер со цимет. Исечете го тестото на ленти со ширина од 5 сантиметри, а потоа, лентите една по една виткајте ги во голема топка. Така завитканото тесто, ставете го на јаболката и оставете го околу половина час за да ги впие соковите.

Печете на 180 степени околу 45 минути. Послужете ја питата оладена.

Погледнете го видеото за подетални инструкции…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.