Порокот му го уништил бракот: Ова е вистинската причина за разводот на Анабела и Андреј Атијас?

Иако се месеци наназад се шпекулираше дека бракот им е во криза, Анабела Буква и Андреј Атијас успеваа да им одолеат на искушенијата и да ја одржат заедницата се’ до почетокот на септември, кога одекна веста дека се разведоа. На неа се надоврза  нова сензација, бидејќи сараевскиот бизнисмен речиси истиот ден ја покажа новата избраничка – Мина Матељан, сараевска старлета. Не помина долго време и тој објасни дека не му е девојка туку авантура за една ноќ.

Тие двајца едноставно не можеа да останат заедно. Точно е тоа што и двајцата го зборуваат во медиумите – дека со сите сили се обидувале да го одржат бракот, но всушност купуваа време, бидејќи таа заедница беше осудена на пропаст. Андреј веќе не беше нежен кон Анабела како што беше во почетокот, напротив, стануваше многу груб бидејќи многу често пиеше. Тоа беше страшно. Колку што знам, не консумираше наркотици, но што ќе му се кога алкохолот е сосема доволен. Толку многу се опиваше што и најмалите расправии со Анабела се претвораа во вистинска војна. Умееше да вика, да урла… И медиумите дознаа за еден таков инцидент, кога Анабела го пријави во полиција за семејно насилство, но потоа се премисли и ја повлече тужбата. Се’ заради децата, заради Бланкица. Но од алкохолот човек ја губи контролата… Анабела, пак, ја загуби својата поткрепа во Андреј, и тоа кога и’ беше најнеопходна, поради Луна и нејзиното учество во реалното шоу, кога сосема го загуби компасот“, раскажува за „Курир старс“ добро информиран извор, близок на екс-двојката, и додава:

Не е ни чудно што веднаш исплива слика од Андреј со таа старлета. Како едвај да дочека да се разведат, веројатно и самиот бегаше од дома и од проблемите. Но алкохолот и притисокот поради Луна не му беа единствениот проблем, го мачеше и тоа што не може да го гледа својот син Леон, кој го доби во врската со Јасмина Скендер, со која беше пред Анабела. Тој веднаш го призна детето, но Јасмина не му даваше да го гледа, ја обвинуваше Анабела дека и’ го презела мажот, ги напаѓаше и им се потсмеваше дека одат на сеанси кај животен тренер, а потоа и самата одеше кај Анабела за да ја подучува за тоа. И сега, замислете го само орото во кое се заплетка! Наводно детето е во Зеница со мајка си и со нејзините родители, но никој не може да и’ влезе во трагата. Ма страшно! Спасот го бараше во алкохолот, а Анабела трпеше поради тоа“, завршува изворот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.