Најздравиот десерт на светот: Еве зошто треба да им го приготвите на вашите деца уште денес!

Здраво и вкусно

Заборавивме на природните и едноставни десерти, па без брашно и млеко повеќе не ни знаеме да приготвиме десерт

Состојки:
  • печена тиква (може и варена)
  • мед
  • ореви
  • цимет (по желба)
Приготвување:

Испечете тиква, а потоа исечкајте ја, прелејте ја со мед и со ореви. Послужете му го на детето како врвен десерт.

Здравствени придобивки

Тиква: Помалку познато е дека плодот на тиквата содржи аминокиселина што поттикнува лачење серотонин во организмот, хормон што предизвикува ведро расположение и чувство на среќа. Затоа, многу подобро е наместо таблета, да изедете парче варена или печена тиква ако сте нерасположени. Ако се вклучи во секојдневната исхрана, спречува анксиозност и појава на депресија, тврдат експертите.

Мед: За да бидете здрави, секој ден треба да јадете по малку мед. Медот содржи фруктоза, сахароза, глукоза, вода и витамини, минерали и олигоелементи, што значи дека е совршена храна.

Ореви: Ако сакате децата да ви бидат здрави, секој ден нека јадат грст ореви. Во споредба со другото јаткасто овошје, оревите се сметаат за најздрави, пред сè поради големата количина на омега-3 масни киселини, но и поради двојно поголемата количина на антиоксиданси. Со консумирањето 30-50 г ореви дневно, се обезбедува дневната пропишана доза на омега-3 масни киселини и значително се намалува ризикот од срцеви болести.

Хроно-десерт: Ролнички со тиква
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.