Направете свој течен детергент за 50 денари: Количина доволна за 40 перења, за блескаво чиста облека!

Испробајте!

Поисплатливо решение, и многу подобро за животната средина

Правењето сопствен детергент за перење облека звучи како тешка работа што лесно можете да ја одбегнете со купување детергент во супермаркет, но ако сакате да заштедите пари, детергентот „направи сам“ навистина може да ви помогне, бидејќи е многу поевтина верзија за разлика од онаа во супермаркетите.

Ќе ве чини многу малку, а ќе ви обезбеди прекрасна чиста и свежа облека. Освен тоа, многу подобар е за животната средина!

Што ви е потребно за 2,5 литри домашен течен детергент за облека?
  • 45 г сода за перење
  • 45 г неутрален сапун
  • 2,5 литри вода
Постапка:

Ставете голем лонец на шпорет. Сипете 2,5 литри вода и загрејте ја на силна температура. Почекајте додека водата зоврие. Изрендајте 45 г сапун и додајте го во водата. Мешајте додека сапунот целосно се раствори.

Во зовриената вода додајте и 45 г сода за перење. Повторно мешајте додека содата целосно се раствори. Исклучете го шпоретот и оставете ја смесата да стои најмалку 12 часа.

По 12 часа, смесата ќе стане погуста. Сипете ја во голем пластичен сад за складирање. Оваа количина на детергент ќе биде доволна за најмалку 40 перења.

Напомена: Уверете се дека барабанот на вашата машина за перење алишта е направен од нерѓосувачки челик! Ако е направен од алуминиум, содата за перење би можела го оштети.

Пешкирите ви мирисаат лошо и после перење? Овие трикови ќе им ја вратат свежината и мекоста на вашите алишта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.