Пешкирите ви мирисаат лошо и после перење? Овие трикови ќе им ја вратат свежината и мекоста на вашите алишта!

Одлични домаќински трикови

Ако некогаш ви се случило да земете чист пешкир од плакар и да се избришете по туширање, а притоа да сфатите дека пешкирот има многу непријатен мирис, знаете колку е тоа непријатно

Иако можеби мислите дека правите сè како што треба кога станува збор за перењето пешкири, можно е да правите и некои грешки, поради кои вашите пешкири се груби и имаат непријатен мирис.

Еве како можете да го спречите тоа…

Оцет

Пред перење, сипете една до две шолји оцет директно во барабанот на машината, а со нив можете да го замените и омекнувачот. Освен што ќе ги омекне пешкирите и ќе го отстрани непријатниот мирис, оцетот е природно, многу евтино, а и ефикасно средство.

Сода бикарбона

Посипете половина шолја сода бикарбона врз пешкирите во барабанот пред перење. Почекајте половина час или, ако имате време, оставете ги цела ноќ така, па исперете ги пешкирите. Не грижете се, содата бикарбона нема да ги оштети.

Исчистете ја машината за перење

Иако таа изгледа чисто, можно е вашата машина да е нечиста. Првиот знак за тоа е нејзиниот непријатен мирис. Експертите советуваат да ја чистите еднаш месечно, а најлесно ќе го направите тоа така што во дозерот за перење ќе сипете оцет и ќе ја вклучите програмата за перење на највисока температура. По секое перење, оставајте ја вратата од машината отворена за да го спречите создавањето мувла.

Исушете ги пешкирите

Пред да ги здиплите во плакар, погрижете се пешкирите да бидат комплетно суви. Ако останале влажни, тоа ќе ја поттикна појавата на мувла и бактерии, поради што пешкирите ќе имаат непријатен мирис. Од истата причина, во корпата за валкани алишта немојте да фрлате мокри пешкири. Најпрво исушете ги, па дури потоа ставете ги во корпата за алишта.

Најдобриот трик за чистење машина за перење алишта: Ставете го ова во барабанот и сите нечистотии ќе испливаат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.