Хроно-десерт: Ролнички со тиква

Ужина за 6-8 лица

Доколку бевте дисциплинирани во придржувањето до правилата во рестриктивниот период, време е да си се наградите и повторно да уживате во слатките но здрави десерти.

На ролничките слаткост им дава само мармаладот, па ако сакате да бидат послатки, додајте лажица-две фруктоза во тестото.

Состојки:

300 г брашно од спелта

300 г брашно од јачмен

1 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сода бикарбона

малку сол

рендана кора од портокал

150 г путер или маст

1 жолчка

2 белки

2-3 лажици вода

2 дл кисело млеко

1 лажица какао во прав

мармалад од тиква

1 лажичка цимет

Приготвување:

Помешајте ги двете врсти брашно, додајте ги прашокот за печиво и содата бикарбона, малку сол, ренданата кора од портокал, жолчката и путерот. Добро изронете со раце, додајте кисело млеко и малку вода и замесете мазно тесто.

Поделете го тестото на 2 еднакви дела, па во едниот замешајте лажица какао-прав. Обликувајте топчиња, покријте ги со фолија и оставете ги да одмораат 15-20 минути.

Развијте ги двете теста во облик на правоаголник, па светлото тесто премачкајте го со изматена белка, па врз него, со помош на сукало, ставете го темното тесто. Истенчете ги малку споените теста, а вишокот на краевите исечете го со нож.

Врз целата површина распоредете мармалад од тиква соединет со малку цимет. Завиткајте во ролат и исечете го на парчиња со ширина од 2-3 см.

Наредете ги ролатчињата во калап подмачкан со малку путер, премачкајте ги со преостанатата белка и печете ги во загреана рерна околу 40 минути.

Текст: Добра храна

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.