Највкусната чоколадна торта со ореви: Традиционален десерт со кој нема грешка!

Незаборавен вкус!

Ќе уживате во секое залаче

Состојки:

За тестото:

  • 140 г шеќер
  • 5 јајца
  • 2 реда рендано чоколадо
  • 2 лажици брашно

За филот:

  • 150 г мелени ореви
  • малку вода или млеко
  • 150 г путер
  • 150 г шеќер во прав

За глазурата:

  • 50 г чоколадо
  • 50 г путер

За украсување:

  • 100 г мелени ореви
Приготвување:

Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па додавајте ги жолчките, една по една, и понатаму матејќи. Потоа, внимателно додајте го ренданото чоколадо и брашното. Печете во три дела на 200 степени Целзиусови во тркалезен подмачкан плех или калап за торта.

За филот: Попарете ги оревите во малку зовриена вода или млеко, а кога ќе се оладат, додајте го путерот изматен со шеќер во прав. Филувајте ја тортата помеѓу слоевите и однадвор, но така што одозгора ќе оставите простор за глазурата од чоколадо.

За глазурата: На најслаба температура растопете еднаква количина на путер и чоколадо и измешајте ги да се изедначи смесата.

За украсување: Врз филот посипете мелени ореви и листови чоколадо.

Торта со ореви и жолт фил: Вкусна, кремаста, неодолива!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.