Торта со ореви и жолт фил: Вкусна, кремаста, неодолива!

Пробајте

Една од највкусните торти што се прави од две кори и два фила – но трудот се исплати!

Состојки:

За првата кора

  • 3 јајца
  • 3 лажички шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 лажиче масло
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1/2 прашок за печиво

За втората кора

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 4 лажици мелени ореви
  • 1 лажиче масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво

За првиот фил

  • 1/2 л млеко
  • 2,3 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 3 жолчки
  • 200 г путер или маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав

За вториот фил

  • 3 белки
  • 1,5 шолја + 3 лажици шеќер

Друго

  • малку рум или сок од портокал
Приготвување:

Првата кора

Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот. Додека матите, додавајте масло и сок од 1 лимон. На крајот, полека измешајте го брашното со прашокот за печиво со жица. Сипете ја смесата во калап за торта и печете 15-20 минути на 200 степени Целзиусови.

Оладете ја кората и пресечете ја на два дела.

Втората кора

Повторно пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, додајте масли и на крајот, додајте ја мешавината од брашно, мелени ореви и прашок за печиво и мешајте со жица. Сипете ја смесата во калап за торта и печете 20-тина минути на 200 степени Целзиусови. Плехот најдобро е да биде со пречник од 28 сантиметри.

Оладете ја печената кора и исто така пресечете ја на два дела.

Првиот фил

Одземете неколку лажици од 1/2 л млеко, па измешајте ги со брашното. Преостанатото млеко варете го со 4 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер, додајте му ја мешавината од брашно и млеко и варете го додека се згусне. Тргнете го од оган, па додавајте ги жолчките една по една. Добра оладете го, па додајте путер или маргарин изматен со 2 лажици шеќер во прав и 1 ванилин шеќер.

Секоја кора попрскајте ја со рум и филувајте ја со овој фил.

Вториот фил

Направете густ сируп од 1,5 шолја шеќер со малку вода. Изматете ги белките (додајте неколку зрна сол). Кога ќе бидат готови, додавајте една по една од трите лажици шеќер.

На крајот, полека додавајте го загреаниот сируп од шеќер. Матете додека не се олади добро.

Со овој фил премачкајте ја тортата одозгора и одоколу.

Добар апетит!

Најбрза и најслатка бисквит-торта со вишни и чоколадо: Без миксер и без печење, готова за 15 минути!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.