Најубавиот џем од смокви се приготвува за само 90 минути: Полн со витамини и минерали

Пробајте

Ова слатко, вкусно и многу здраво овошје е преполно со витамини и минерали

Од свежи смокви можете да приготвите одличен џем, а ние ви предлагаме едноставен рецепт.

Состојки:
  • 5 кг свежи смокви
  • 250 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 г мед
  • изрендана кора од три портокали
  • 2 лажички цимет во прав (по желба)
  • 1 лажиче лимонова киселина во прав
Приготвување:

1. На тивок оган растопете го шеќерот додека добие златножолта боја, а потоа додајте мед.

2. Смоквите исечкани на четвртинки додајте ги во смесата од шеќер и мед и продолжете да ги готвите на тивок оган 90 минути.

3. Кога ќе добиете кашеста смеса, додајте изрендана кора од портокали, цимет, ванилин шеќер и лимонова киселина. Сето тоа заедно загревајте го уште 30 минути.

4. Додека џемот се вари, пригответе чисти тегли за полнење. Темелно измијте ги, исушете ги и ставете ги во рерна 15 минути на 120 степени за дезинфекција.

5. Џемот полека сипувајте го во врелите тегли, добро затворете ги и превртете ги теглите наопаку неколку минути, а потоа вратете ги во нормална положба и оставете ги да се ладат.

Добар апетит!

Џемот од круши докажано лекува артритис и го чува здравјето на срцето: Еве како се приготвува
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.