Џемот од круши докажано лекува артритис и го чува здравјето на срцето: Еве како се приготвува

Вкусно и лековито

Вкусот ќе ве воодушеви

Џемот од круши освен што е многу вкусен десерт, нуди и безброј придобивки за организмот. Има позитивно влијание врз работата на дигестивниот систем, ја смирува слузницата на желудникот и цревата. Придонесува за намалување на ризикот од рак на цревата и желудникот, ги исфрла патогените од организмот и им помага на заболените од хеликобактерија.

Познато е дека крушите се одличен прочистувач на токсини, па така и самиот џем е многу влијателен при исфрлањето на отровите од цревата, а сето тоа поради високата количина на пектин.

Поради големата количина на антиоксиданси, овој џем го штити телото од штетното дејство на слободните радикали, со што автоматски го зајакнува и имунолошкиот систем.

Џемот од круши се покажал одлично и во снижувањето крвен притисок.

Поради високиот удел на калиум и натриум, крушите поттикнуваат исфрлање течности, го намалуваат крвниот притисок и ја подобруваат работата на срцето. Крушите содржат и многу фолна киселина, што помага во спречувањето на појава на артритис и реума.

Еве како се приготвува овој лековит десерт.

Состојки:
  • 1 кг исчистени круши
  • 350 г шеќер
  • кора и сок од еден лимон
  • 1 кесичка пектин
Приготвување:

Исечете ги крушите на парчиња, ставете ги во тенџере и изматете ги со миксер, а потоа во тенџерето додајте ја ренданата кора од лимон и лимоновиот сок.

Во шолја, измешајте го пектинот со 2 лажици шеќер и додајте го тоа во тенџерето.

Ставете го тенџерето на рингла и загревајте на тивок оган додека почне да врие.

Кога смесата ќе зоврие, додајте и шеќер. Потоа, загревајте уште околу 5 минути и џемот е готов.

Добар апетит!

Пригответе џем без варење овошје: Сите витамини остануваат во теглата, олку богат вкус никогаш не сте пробале!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.