Мафини „Никој не е совршен“

Не обидувајте се да им одолеете… но сепак поделете ги со домашните…

Состојки: 200 г брашно, 40 г пудинг од ванила, 1/2 прашок за печиво, 1 јајце, 180 г шеќер, прстофат сол, прстофат сода бикарбона, 1 ванилин шеќер, 125 г путер, 220 мл млеко, џем од вишни, 150 мл слатка павлака, 1 лажица џем од кајсии.

Приготвување: изматете ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и додајте ги во млекото. Во друг сад соединете брашно, пудинг, сол, прашок за печиво и сода-бикарбона. Измешајте сè заедно.

Кошничките за печење наполнете ги до 2/3 и печете околу 25 минути во рерна загреана на 180 °Ц. Оставете десетина минути да се излади, па дури потоа извадете ги од кошничките.

Изладените мафини се премачкуваат со џем од вишни. Изматете слатка павлака во која ќе додадете џем од кајсии, а потоа добро измешајте. Павлаката истурете ја во готварски шприц и повлечете линии во облик на мрежница.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.