Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Марија Франциска Перељо – Чиска, се венчаа денеска на северот на Мајорка, во кругот на семејството и пријателите.

Судбоносното „да”, парот го изговорил во замокот „Ла Форталеза” кој датира од 17-ти век и кој се смета за најскапо приватно сопствеништво во Европа.  Гостите со минибус заминале на имотот „Ла Форталеза, а во автобусите пронашле картички со пораки од Рафаел и Надал.

Ве потсетуваме дека би сакале да уживате во нашата венчавка во најголема приватност. Кога ќе пристигнете ќе пронајдете орнамчиња во кои ќе ќе ги оставите вашите мобилни телефони. Фала многу“, пишувало на пораките како што пренесуваат странските медиуми. 

На венчавката присуствувале и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос и неговата сопруга Софија, Кристијано Роналдо, Енрике Еглезијас, Пол Гасол. Шпанските медиуми пренесуваат дека Надал и Перељо, кои се во врска веќе 14 години, сакале едноставна и интимна венчавка.

https://www.instagram.com/p/B3zJUTVAmqB/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix